На христијаните и муслиманите Бог им го доверил светот за одговорно да го чуваме и сочуваме за идните генерации.
Христијаните и муслиманите се браќа во светот на кој силно му треба мирот и братството, меѓусебното почитување во различноста и помагање во потребите – рече папата Фрањо во видео пораката упатена до саканиот марокански народ во пресрет на неговото 28 апостолско патување во текот на кое ќе го посети Кралството Мароко.
Како христијани и муслимани веруваме во милосрдниот Бог Кој ги создаде луѓето и ги стави во светот за да живеат како браќа почитувајќи се едни со други во различностите и помагајќи си во потребите; им ја доверил земјата нашиот заеднички дом за одговорно да ја чуваме и сочуваме за идните генерации – рече Папата.
Ас – Саламу Алаикум! Мир со вас – им рече Светиот Отец на Мароканците, заблагодарувајќи се на царот Мохамед VI и граѓанските власти за поканата и грижливата соработка. Себе се нарече поклоник кој оди по стапките на својот претходник светиот папа Иван Павле II кој го посетил Мароко во август 1985 година и уверува дека за него ќе биде „вистинска радост“ директно да ги сподели со населението уверувањата кои се изразени во текот на средбата во Рабат. Се обрати и до малата католичка заедница која брои околу 25.000 луѓе на околу 35 милиони жители кои мнозинството се сунитски муслимани.
Тоа патување ќе ми даде скапоцена прилика да ја посетам христијанската заедница во Мароко и да ја охрабрам на нејзиниот пат – рече папата Фрањо. Во сабота на 30 март попладне во седиштето на бискупискиот Каритас во главниот град Папата ќе се сретне и со група мигранти. Тие се апелот заедно да градиме поправеден и посолидарен свет – ја заврши папата Фрањо својата видео порака.
Ватикан њуз/к.мк