Папата до лекарите: Човекот не е машина која треба да се поправи

Папата до лекарите: Човекот не е машина која треба да се поправи

„Светоста на животот и медицинската професија од Humanae Vitae до Laudato si“ е темата за 25 јубилеен конгрес на лекарите католици кој за неколку дена ќе се одржи во Загреб. И тој – според зборовите на Папата – е знак на нивното конкретно учество во животот и посланието на Црквата.

Христијанско сведоштво, дело кое е посебен облик на човечка солидарност, работа збогатена со духот на верата – со тие зборови папата Фрањо го опиша занимањето на католичките лекари, примајќи ја во Ватикан делегацијата на Светскиот сојуз на католички лекари (FIAMC), по повод 25 конгрес кој од 30 мај до 2 јуни ќе се одржи во Загреб. Темата на собирот е „Светоста на животот и медицинската професија од Humanae Vitae до Laudato si.“

Црквата е за животот

Да се биде лекар католик исто така значи да се ангажираш за постојана духовна, морална и биоетичка формација во согласност со евангелските начела, не занемарувајќи го односот помеѓу лекарот и пациентот, како ниту мисионерската активност за да се подобрат здравствените услови на населението на перифериите на светот – истакна Папата.

Црквата е за животот и се грижи ништо да не биде против него во реалноста на конкретен живот, без разлика колку да биде слаб или без заштита, без разлика тој и сѐ уште да не е неразвиен. Да се биде лекар католик – според зборовите на Папата – значи да се чувствуваш здравствен работник кој од верата и од заедништвото со Црквата примаш поттик за подобра христијанска и професионална подготовка, за неуморно посветување и неисцрпна потреба за познавање и разбирање на природните закони за подобро служење на животот.

Доследни и храбри сведоци

Лекарите, членовите на Светскиот сојуз на католички лекари, папата Фрањо ги нарече доследни и храбри сведоци кои соработуваат со Црквата во промовирањето и заштитата на човечкиот живот од неговото зачнување до природната смрт, во почитувањето на најслабите, и во хуманизацијата на медицината и нејзина целосна социјализација. Затоа повикот на Папата е и покрај напорот и тешкотиите, да се продолжи во борбата против напредувањето и во медицината на технократкиот културен модел, приврзаноста на човечката моќ без граници, и практичниот релативизам, во кој сѐ што не служи на сопствените интереси станува неважно.

Примарно е достоинството на болниот

Во контекст на тоа, повикани сте да го потврдите централното место на болниот како човек и неговото достоинство со неотуѓиви права меѓу кое првото право е правото на живот – рече Папата и истакна: Треба да се борите против стремежот со кој болниот човек се сведува на машина која треба да се поправи, без почитување на моралните начела, и без искористување на најслабите отфрлајќи го она што не одоговара на идеологијата на делотворноста и профитот.

Затоа лекарите католици – според зборовите на Папата – треба да се ангажираат во своите земји и на меѓународно ниво, интервенирајќи во специјалистички средини, но и во расправи кои се однесуваат на законите за етички чувствителни теми како што се на пример прекинот на бременоста, завршетокот на животот и генетската медицина. Нека не недостасува вашата грижа исто така и во заштитата на слободата на совеста на лекарите и на другите здравствени работници – посака Папата и истакна дека не може да се прифати улогата на лекарот да се сведе на едноставно извршување на волјата на болниот или на потребите на здравствениот систем.

Лекарот католик – сведок на верата

Лекарот католик пред сѐ е сведок на проживеана вера, способен да соработува со црковните реалности, со оние кои работат за луѓето кои страдаат – истакна Светиот Отец и ги повика присутните да бидат промотори не само на грижата, туку и на братската љубов, пренесувајќи ги своите сознанија на сите со кои се среќаваат, богатството на човечноста и евангелското сочувство.

На следниот конгрес која ќе се одржи за неколку денови во Загреб, ќе размислувате на тема „Светоста на животот и медицинската професија од Humanae Vitae до Laudato si’“. И тоа е знак на вашето конкретно учество во животот и посланието на Црквата. Тоа учество – како што е истакнато на Вториот ватикански собор – толку е потребно без него самиот апостолат на пастирите, во поголем број од случаите не може да го постигне својот полн ефект (Dekret Apostolicam actuositatem) – истакна папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот