Папата Фрањо упати писмо со охрабрување до затворениците на островот Горгона во италијанската покраина Ливорно. Писмото во сабота 22 јуни 2019 година го достави кардинал Ернест Симони, кој преку 20 години беше неправедно осуден во Албанија од страна на комунистичкиот режим.
На почетокот Папата се заблагодарува на писмото упатено од затворениците, кои го отворија своите срца, раскажувајќи за своите искуства и пишувајќи за патот на откупување и превоспитување, кој се одвива со достоинствена работа и скромна заработка.
Знам дека ситуацијта во затворите не е лесна, затоа не пропуштам да ги поттикнувам локалните црковни заедници конкретно да ја покажат мајчинската близина на Црквата на тие места на болка и откупување – стои во писмото на папата Фрањо, кој потоа потсетува дека сите ние во животот грешиме и дека сите сме грешници.
Сите ние бараме простување за грешките и се наоѓаме на пат на превоспитување, како повеќе не би грешеле. Кога одиме да бараме простување од Господ, Тој ни простува секогаш, неуморно ни простува и нѐ подигнува од прашината на нашите гревови – пишува Светиот Отец.
Папата исто така изрази благодарност на бројните луѓе кои им помагаат на затворениците на островот Горгона, кои со својот ангажман даваат утеха и ги помагаат на патот на промена.
Ве охрабрувам во иднина да гледате со доверба, продолжувајќи со скапоцената помош од вашиот капелан и другите едукатори на патот на внатрешна обнова, подржани од верата и наджта дека Господ е богат со милосрдие, секогаш е со нас – напиша папата Фрањо и на крајот, покрај поздравите, затворниците ги довери на Марија и нејзината мајчинска заштита, изразувајќи има ја својата близина и молитва.
Ватикан њуз/к.мк