Папата до верските поглавари: Да кажеме „не“ на војната, вооружувањето и економија, која осиромашува

Папата Лав XIV. во аудиенција прими претставници на други цркви, црковни заедници и други религии и ги охрабри да работат заедно за мир во светот, ослободени од идеолошки и политички условувања. Тој го поттикна екуменскиот пат, повика на континуиран дијалог меѓу Евреите и христијаните и на создавање однос со муслиманите заснован „врз меѓусебно почитување и слобода на совеста“.
Светиот Отец Лав XIV. во понеделник 19 мај 2025 година во аудиенција прими претставници на други Цркви, црковни заедници и други религии, кои дојдоа во Рим на инаугурацијата на неговата служба како Петров наследник. Изразувајќи братска љубов кон Неговата Светост Вартоломеј I, Неговото Блаженство Теофил III. и Неговата Светост Мар Ави III. Им се заблагодари за нивното присуство, бидејќи, како што рече, „нивното присуство и молитва се голем извор на утеха и охрабрување за него“.
Како една од главните карактеристики на понтификатот на папата Фрањо, го спомена промовирањето на универзалното братство, иницијатива која веќе ја започнаа неговите претходници, особено Свети Иван XXIII. Енцикликата на Папата Fratelli tutti го охрабрува екуменскиот пат и меѓурелигискиот дијалог, пред сè преку негување на меѓучовечките односи, на таков начин да не се намалат црковните односи и секогаш се нагласува човечката димензија на средбата“, додаде Лав XIV.
Тој додаде дека е избран за Папа во време кога се одбележува 1700-годишнината од Првиот Вселенски собор во Никеја, кој претставува основна етапа при обликувањето на Символот на верата кој го споделуваат сите Цркви и црковни заедници. „Додека се движиме кон повторно воспоставување на потполно заедништво меѓу сите христијани, признаваме дека ова единство може да биде само единство во верата. Како епископ на Рим, сметам дека една од моите главни должности е да се стремам кон воспоставување на потполно и видливо заедништво меѓу сите кои ја исповедаат истата вера во Бога Отецот и Синот и Светиот Дух“, нагласи Светиот Отец и продолжи:
„Свесен дека синодалноста и екуменизмот се тесно поврзани, сакам да ја потврдам мојата намера да ги продолжам напорите на папата Фрањо во промовирањето на синодалниот карактер на Католичката црква и во развојот на нови и конкретни форми за уште поинтензивна синодалност на екуменско поле, најави Лав XIV.
Предупреди дека заедничкиот пат може и треба да се разбере во поширока смисла, во духот на човечкото братство: „Денес е време за дијалог и градење мостови. Затоа, со радост и благодарност го поздравувам присуството на претставници на други религиски традиции, кои ја делат потрагата по Бога и неговата волја – волја што е секогаш и само волја на љубовта и животот за мажите и жените, како и за сите созданија.“
Посебен поздрав упати до еврејски и муслимански браќа и сестри: „Поради еврејските корени на христијанството, теолошкиот дијалог меѓу христијаните и Евреите е секогаш важен и многу близок до моето срце. Дури и во овие тешки времиња, обележани со конфликти и недоразбирања, потребно е да се продолжи овој драгоцен дијалог со обновен ентузијазам.“ Тој исто така потсети дека „односите меѓу Католичката црква и муслиманите се обележани со зголемена посветеност на дијалогот и братството, вдахновена од почитта кон нашите браќа и сестри „кои го обожаваат едниот Бог, жив и непроменлив, милостив и семоќен, Творец на небото и земјата, кој им зборувал на луѓето“.“
Тој изрази благодарност до сите претставници на другите религиски традиции за нивното учество на средбата и нивниот придонес кон мирот. „Во свет ранет од насилство и конфликти, секоја од заедниците претставени овде го дава својот придонес на мудрост, сочувство и посветеност за доброто на човештвото и зачувувањето на нашиот заеднички дом. Убеден сум дека, ако сме обединети и ослободени од идеолошки и политички притисоци, можеме да бидеме успешни кога ќе кажеме „не“ на војната и „да“ на мирот, „не“ на трката за вооружување и „да“ на разоружувањето, „не“ на економијата која ги осиромашува луѓето и Земјата и „да“ на интегралниот развој“, рече Светиот Отец.
„Сведоштвото на нашето братство, кое се надевам дека ќе можеме да го покажеме со делотворни гестови, сигурно ќе придонесе за изградба на помирен свет, што сите мажи и жени со добра волја го посакуваат во своите срца. Драги пријатели, ви благодарам уште еднаш за вашата близина. Да го повикаме Божјиот благослов во нашите срца: нека Неговата бесконечна добрина и мудрост ни помогнат да живееме како Негови деца и како браќа и сестри едни со други, за да расте надежта во светот“, заврши Лав XIV.
Ватикан њуз/к.мк