Папата: Доброто правете го скриено и бесплатно

Папата: Доброто правете го скриено и бесплатно

Светиот Отец  во проповедта на светата Литургија на 11 октомври 2016 година, осврнувајќи се на евангелскиот ден зборуваше за „религија на изгледот“, за надворешноста на која луѓето и даваат големо внимание.

„Ете вие фарисеите ја миете чашата и чинијата однадвор, а пак внатрешноста ви е полна со грабеж и лукавство“ – рече Светиот отец во проповедта на светата Литургија на 11 октомври 2016 година во домот Света Марта, осврнувајќи се на евангелскиот дел, повторувајќи ги Исусовите зборови. „Исус тоа во Евангелието многу пати им го повторува.“ „Вашата внатрешност е зло; не е праведна; не е слободна. Вие сте робови затоа што не ја прифативте праведноста која доаѓа од Бог; праведноста која ни ја дава Исус“ – објасни папата Фрањо.

Папата се осврна на внатрешната слобода која ја спомна и рече дека „слобода е да се прави добро на сокриен начин, без „свирење пред себе“ (буквално свирење на труба), затоа што патот на вистинската религија е истиот Исусов пат: понизност, понижение. А Исус – вели свети Павле до Филипјаните – Сам себе се понизи, Сам се смири. Тој е единствениот начин да се ослободиме од себичноста, похотта, ароганцијата, суетата, световноста. Напротив оние луѓе кои Исус ги критикува се луѓе кои следеле „религија на шминка“: изгледот, да се преправаат, како да се, а одвнатре…“ – рече папата Фрањо и продолжи…

„Исус за тие луѓе користи многу силна слика: „личите на варосани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со лицемерност и безаконие“ – нагласи Светиот Отец. „Да го замолиме Господ да не се измориме да одиме по тој пат; да не се измориме да ја отфрламе таа „религија на изгледот“, звукот и преправањето. И тивко да правиме добро; бесплатно, како што и бесплатно сме ја примиле својата внатрешна слобода. И (да молиме) Тој да ја зачува внатрешната слобода на сите нас. Да го замолиме за таа мислост – рече Светиот Отец на крајот од својата проповед.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести, Проповеди

За авторот