Папата доби покана да ја посети џамијата во Рим
Мала исламска делегација официјално го покани папата Фрањо да ја посети големата џамија во Рим. Поканата беше упатена до Папата за време на кратката аудиенција, која се одржа во приемната сала на ватиканската аула „Павле VI”, пред средбата на Светиот Отец со епископите на Судан и Јужен Судан и пред почетокот на Генерална аудиенција во среда 20 јануари 2016 година.
Коментирајќи ја поканата до Папата за посетата на големата џамија на Рим, претседателот на Сојузот на исламските заедници и организации во Италија, Изедин Елзир, истакна дека „тоа ќе биде важен гест, кој покажува дека религиите имаат дијалог и ги посетуваат нивните соодветни места за молитва. Кој го користи името на Бог, за да убива својот брат нема никаква врска со религијата, а зад овој изговор стои исклучиво политички интерес и жед за власт”. Папата – рече уште имамот Елзир – „не случајно го избра името Фрањо, што за нас е олицетворение на сиромаштвото, но исто така на дијалогот со исламскиот свет”.
РВ/го*ко