Во говорот пред членовите на Синодот на Мелкитската источна католичка црква, папата Фрањо ја спомена Сирија, сакана и измачена земја, илјадниците мртви и ранети, како и милиони бегалци внатре и во странство, и изрази загриженост за опстанокот на верниците на Блискиот Исток. Затоа апелираше за соодветно и праведно решение на драмата во Сирија
На средбата со членовите на Архиерејскиот Синод на Мелкитската источна католичка црква, кои се собраа во Рим на нивниот годишен состанок, папата Фрањо повторно се осврна на војната во Сирија. Меѓутоа, тој не ги заборави и христијаните на Блискиот Исток, загрижен за нивниот опстанок, како што се и мелкитските епископи.
Мисли за саканата и измачена Сирија
Потоа се потсети на молитвеното бдение за мир пред Ватиканската базилика на 7 септември 2013 година, првата година од неговиот понтификат, кога настана изразот „сакана и измачена Сирија“ и ги упати своите мисли зат илјадниците мртви и повредени, милиони внатрешно и во странство прогонети, со оглед на неможноста да се започне потребната обнова. Покрај тоа, тој рече дека бил трогнат од раскажувањата на младите Сиријци кои пристигнале во Италија, кои во себе ја носат драмата на она што го доживеале и виделе, како и нивниот поглед, речиси целосно безнадежен, неспособни да сонуваат за иднината на својата земја. .
Не можеме да дозволиме да се отстрани последната искра надеж од очите и срцата на младите и семејствата! Затоа го повторувам мојот апел до сите кои имаат одговорност, во таа земја и во меѓународната заедница, да се дојде до соодветно и праведно решение за драмата во Сирија.
Синодален стил на Црквата
Папата потоа ги охрабри присутните епископи на херојското и великодушно сведоштво, кое секогаш треба да се стави на Божјото светло за да се очисти и обнови, како и да го преиспита „синодалниот стил“, за да се живее заедништво на молитвата и наканата, меѓусебно и со патријархот, како и со свештениците, ѓаконите, монасите, монахињите и верниците.
Мелкитската источна католичка црква во светот
Што се однесува до Мелкитските источно католички епархии во светот, папата Фрањо истакна дека тие се црковен, но и културен и општествен предизвик, кој не е без тешкотии и пречки, а во исто време е одлична можност да останат вкоренети во своите традиции и потекло, отворајќи се сепак, за слушање на времињата и местата во кои се наоѓаат за да се одговори на она што Господ го бара денес.
Препораки до Архиерејскиот Синод на Патријаршиската црква
Ве повикувам со многу мудрост да ја вршите својата власт во Синодот – додаде Светиот Отец. Што се однесува до изборот на епископи, побара секогаш внимателно да размислат и да се молат на Светиот Дух при подготовката на материјалите и информации за различни кандидати, надминувајќи ја секоја логика на пристрасност.
Ве поттикнувам и ви благодарам за вашиот труд, кој ќе го вложитете за да заблеска лицето на Црквата, држејќи ги поделбите и мрморењето кои само ги скандализираат најмалите и го растеруваат стадото што ви е доверено – рече Папата и ја повтори својата драга препорака да бидат внимателни на озборувањата, советувајќи ги да прибегнуваат кон братска исправка и отворено да зборуваат. Ги советува никогаш да не озборуваат – бидејќи тоа е црв што ја уништува Црквата – туку напротив, да се стремат кон единство.
Ватикан њуз/к.мк