Во видео пораката снимена од Ватикан Њуз на 12 Октомври, за време на паузата од работата на Синодата за Амазонија, папата Фрањо моли Богородица од Апарецида секогаш да биде со бразилскиот народ кој на 12 Октомври го слави празникот на својата заштитничка.
Нека Богородица од Апарецида ,,мала и понизна’’ продолжи да го следи бразилскиот народ – е молитвата на папата Фрањо во видео пораката што ја сними на 12 Октомври за време на кратката пауза од работата на Синодата за Амазонија
Заштитничка на Бразил
На денот кога Бразил го слави денот на својата заштитничка, Светиот Отец посака Мајката на секој Бразилец – како што ја нарече за време на неговата посета на светилиштето на Пресвета Богороцица од Апарецида во 2013 година, да го следи населението во неговиот пат кон мир, радост и праведност. Папата исто така се моли Пресвета Богородица да биде со луѓето и во страдањето, пред бројните политички, социјални и еколошки ограничувања, во однос на развојот и слободата.
Патување во 2013 година
За време на своето прво Апостолско патување надвор од Италија, по повод 28. Светски ден на млади, папата Фрањо ја славеше светата Литургија во базиликата на светилиштето на Нашата Богородица од Апарецида, и изговарајќи го чинот на посветување на Богородица, и во таа прилика ја молеше Марија на целиот Бразил да му подари безброј благодати.
Ватикан њуз/к.мк