Папата Фрањо на 6 август 2022 година во аудиенција го прими украинскиот амбасадор во Светиот Престол, Андриј Јураш. Јураш на својот кориснички профил на Твитер напиша дека Папата упатил важни зборови и дека Украина со нетрпение ја очекува неговата посета.
Папата Фрањо го прими амбасадорот Андриј Јураш во Апостолската палата, кој потоа се осврна на средбата преку својот кориснички профил на Твитер. Тој истакнува дека Светиот Отец ја изразил својата близина со Украина, мислејќи на можна посета на земјата, како што спомена претходно. Амбасадорот во истиот пост напиша дека Украина долго време го чека Папата, посебно од почетокот на војната.
Потсетуваме, самиот Папа зборуваше за можна посета на Украина на последната прес-конференција во авионот на враќање од Канада.
Монсињор Пол Ричард Галагер, секретар за односи со држави и меѓународни организации, во интервју во јули, ја повтори желбата на Папата да оди во Украина. Папата е убеден ако ја посети, дека може да има позитивни резултати. Тој рече дека ќе оди во Украина и секогаш е подготвен да ја посети Москва и да се сретне со руските власти. Надбискупот исто така додаде дека по неговото патување од Канада ќе се разгледаат можностите за патување на Папата во Украина.
Ватикан њуз/к.мк