На 15 февруари 2020 година, папата Фрањо во аудиенција го прими членот па Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, кој во моментот ја врши функцијата претседател – соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
На 15 февруари 2020 година, папата Фрањо во аудиенција го прими членот па Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, кој во моментот ја врши функцијата претседател – соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол. По средбата со папата Фрањо се сретна и со Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин и заменик секретарот за односи со државите, монсињор Мирослав Вашовски
За време на разговорот во Државниот секретаријат, кој се водеше во срдечна атмосфера, се истакнати добрите билатерални односи, а во однос на внатрешната состојба, посебно внимание се посвети на католичката заедница во земјата. Исто така спомната е потребата да се обезбеди потполно почитување на правата на сите граѓани и ефикасна еднаквост на сите три конститутивни народи.
На крајот стана збор за прашања од заеднички интерес, кои се однесуваат на меѓународно и домашно подрачје, како што се мирот, безбедноста и потребата за поттикнување на дијалог, како би се соочиле со разните предизвици на подрачјето на Босна и Херцеговина и соседните земји. Исто така разговарано е и за можностите за проширување на Европската унија во Босна и Херцеговина и соседните земји – јави Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
Ватикан њуз/к.мк