Папата го прими митрополитот Иларион

Папата го прими митрополитот Иларион

Папата Фрањо на 13 февруари го прими во аудиенција митрополитот Иларион, кој е на чело на Канцеларијата за надворешни работи на Московскиот патријархат.

По повод четири годишнината од историската средба на папата Фрањо и патријархот на Москва и цела Русија Кирил, во Рим допатува митрополитот Иларион кој се сретна со папата Фрањо. Претходно тој со кардинал Курт Кох, претседател на Папскиот совет за промовирање единство на христијаните, зборуваше на конференцијата и концертот одржани на тема „Светците се знаци и семе за единство“.

По приемот кај Светиот Отец, попладнето митрополитот Иларион го промовира преводот на книгата „Смрт и воскресение“, последен дел од серијата насловена „Исус Христос. Живот и поука“.

Пред средбата со Светиот Отец и на крајот од состанокот со Мешовитата група, која се состана во Ватикан и разговараше за културните и општествените проекти на кои двете Цркви работат веќе четири години, како би се остварила главната содржина од Заедничката изјава, која во Хавана на 12 февраури 2016 година ја потпишаа папата Фрањо и патријархот Кирил.

На средбата иста така е истакната загриженоста заради прогонството на христијаните во светот.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот