Папата Фрањо на Велики Петок, 29 март 2024 година, го предводеше обредот на Велики Петок во базиликата Свети Петар, во присуство на 4.500 верници. Велики Петок е единствениот ден во литургиската година кога не се служи Света Литургија, туку Црквата тогаш размислува за страдањето и смртта Господова.
По објавувањето на страдањата, проповед одржа кардиналот Раниеро Канталамеса, проповедник на Папскиот дом, поаѓајќи од зборовите на Исус од евангелие според Иван: „Кога ќе Го издигнете Синот Човечки, тогаш ќе узнаете дека сум Јас“ (Иван 8,28). На крстот, Исус го почитува слободниот избор на луѓето и избира да се поништи себеси; поука за можниците на земјата – рече кардинал Канталамеса.
Ватикан њуз/к.мк