Во доцните попладневни часови, на 16 ноември 2017 година, папата Фрањо неочекувано ги посети волонтерите и персоналот на привремно поставените „полски болници“, на плоштадот Пиј XII, непосредно до познатиот плоштад Свети Петар.
За време на кратката посета, папата Фрањо ги поздрави волонтерите и сиромашните луѓе кои чекаат за дa бидат згрижени пред првиот Светски ден на сиромашните, кој ќе се одржи во недела на 19 ноември.
Папата беше придружуван од архиепископот Рино Физикела, претседател на Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација.
Структурата за здравствена заштита е иницијатива поврзана со првиот светски ден на сиромашните и ја објави Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација.
Целата посета на Папата траеше околу 15 минути. Папата придружуван од медицинските сестри, волонтерите од Италијанскиот Црвен крст, ја посети структурата, информирајќи се за дејноста која ќе продолжи и следната недела. После тоа сакаше лично да им се заблагодари на лекарите, специјалисти по клинички истражувања, кардиологија, дерматологија, гинекологија, андрологија и заразни болести, кои работат во малите мобилни амбуланти.
Според соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол, болницата под шатор, водена од Италијанскиот Црвен крст, нуди „бесплатна медицинска посета за сиромашните и оние во потреба, во текот на цела недела од 9 до 16 часот.
РВ/к.мк