Папата го подржува парискиот „Марш за живот“

Светиот Отец го подржува Маршот за живот, кој ќе се одржи во Париз на 19 јанаури. Во пораката до организаторите на „Марш за живот“, апостолскиот нунциј во Франција, монс. Луиџи Вентура, пишува дека Светиот Отец е информиран за маршот и учесниците ги подржува „повикувајќи дека за таква важна работа треба да бидат внимателни“. Папата освен тоа потсетува на својата проповед од 16 јуни 2013 година по повод Денот Евангелие на животот. Во обраќањето до дипломатскиот кор, минатиот понеделник, Папата потенцира како „самата помисла дека некои деца нема да го видат светлото на денот – жртви на абортусот – предизвикува ужас.

РВ/го*ко

Категорија: Свет

За авторот