Папата Фрањо го прифати повлекувањето од служба на владиката Милан Чаутур од Кошице, Словачка и го именува за ординариј архиепископот Кирил Васил, Д.И., апостолски администратор на таа епархија.
Архиепископот Кирил Васил е роден во Кошице, Словачка, на 10 април 1965 година. Од 1982 до 1987 година студирал на Богословскиот факултет Свети Кирил и Методиј во Братислава, а за свештеник е ракоположен во 1987 година. Во 1989 година на Папскиот источен институт магистрира по канонско право, а на 15 октомври 1990 година станува Исусовец. Во 1994 година докторира по источно канонско право на Папскиот источен институт, а во 2002 година е избран за декан и проректор на Факултетот за источно канонско право на тој институт, а во мај 2007 година е избран за ректор.
Тој беше советник во Конгрегацијата за Источни цркви, Конгрегацијата за наука на верата и Папскиот совет за пасторалната грижа за мигрантите и итенерантите. Во 2005 година е именуван за стручњак на Епископската синода за евхаристија. Бил професор на Папскиот универзитет Грегоријана, на Богословскиот факултет на Универзитетот во Братислава и Универзитетот во Трнава.
Во 2003 година е именуван за духовен директор на Меѓународната заедница на водачи на извидництеи во Европа. На 7 мај 2009 година папата Бенедикт XVI го именува за титуларен архиепископ на Птолемаида во Либија и секретар на Конгрегацијата за Источни цркви. Хиротонија прима на 14 јуни 2009 година во Рим од крижевскиот епископ Славомир Микловш.
На 21 јануари 2010 година е именуван за советник на Папскиот совет за промовирање на христијанското единство, а на 20 јануари 2020 година е именуван назначен за Апостолски администратор на „sede plena“ на Источно католичката епархија Кошице во Словачка. На 27 јуни 2021 година е именуван за судија на Врховниот суд на Апостолската сигнатура. Автор е на бројни книги и статии.
Ика/к.мк