Папата ги прими учесниците на Генералното собрание на фоколарините

Папата Фрањо на 26 септември во салата Клементина, ги прими учесниците на Генералното собрание на движењето на Фоколарите. Обраќајќи се на собраните членови на Делото Мариино, Светиот Отец истакна дека Црквата е – сега веќе на педесет годишнината од Вториот Ватикански Концил – „повикана да направи нов чекор во евангелизацијата, сведочејќи ја љубовта Божја за секој човек, почнувајќи од најсиромашните и исклучените и да расте во надежта, братството и радоста на патот на човештвото кон единството.“

„Дело Мариино“ – продолжи Папата – „познато под името движење на Фоколарините родено е во крилото на Католичката Црква од мало семе кое во текот на годините дало живот на стеблото кое сега своите гранки ги протега во сите христијанки семејства, исто така и меѓу членовите на различни религии како и многумина кои се грижат за првадата и солидарноста заедно со барањето на вистината. Ова Дело е слатко како дарот на Светиот Дух – каризма за единство – која што Отецот сакал да ја даде на Црквата и светот, за да допринесе за остварување (…) на Исусовата молитва: Сите да бидат едно.“

Папата Фрањо потсети на плодниот живот на Кјара Љубик основателката на Делото која го „донесувала Исусовиот мирис во многу човечки реалности и делови на светот.“ Движењето на Фоколарите денес ја има истата задача како и целата Црква: да го даде својот одговорен и креативен допринос на ова ново време на евангелизација, а три идеали во тоа можат да помогнат: контемплирање, излегување, едуцирање. Првиот идеал е контемплирање, бидејќи според зборовите на Кјара Лубик нашата задача е „да продреме во највисоката контемплација и да останеме меѓу сите, човек покрај човек.“ Вториот идеал е да излеземе како Исус од крилото на Отецот за да им ја навестиме на сите пораката на љубовта. Тоа е – истакна Папата – исто така динамиката на излегувањето од себе и дарување на другите. Затоа е неопходна уметноста на дијалогот која се учи со излегување во пресрет на Господ Кој нè чека во раните на нашите браќа и културата на нашето време. Последниот идеал е „едуцирање: неопходно е да се формираат луѓе – за – светот: луѓе со Исусово мислење кои ќе бидат способни да ги препознаат потребите на срцето на денешниот човек.

„Сакам вашето собирање да ви донесе изобилен плод, ви благодарам на вашето великодушно предание. Нека Марија нашата Мајка ви помогне секогаш да одите со вера, храброст и упорност во заедништво со целата Црква по патиштата (…) на Светиот Дух. Ве благословувам и се препорачувам во вашите молитви“ – го заврши своето обраќање папата Фарњо.

РВ/Д.И.

2244

Категорија: Ватикан

За авторот