Папата ги прими во аудиенција учесниците на Салезијанскиот генерален капитол
Работата и умереноста го вдахновуваа делото на Дон Боско, фокусирано на грижата на душите, особено на младите – рече папата Фрањо говорејќи пред учесниците на салезијанскиот 27 Општи капитол, на кој е избрана нова управа на дружбата: врховен поглавар, Дон Ангел Фернандез Артиме и нови членови на Главниот совет, кои беа вчера примени во аудиенција.
Иако мотото на дон Боско гласеше Дај ми ја душата, а земи сè останато, неговата програма се засноваше на две компоненти: работа и умереност. Да се работи, значи, за доброто на душата, одбегнувајќи го искушението на световната духовност, во умереноста, како главно мерило: на задоволството и едноставноста, што на синот Иван му го пренесе неговата мајка: Нека духот на сиромаштвото на дон Боско и мајка му Маргерита го инспирира секој салезијанец и секоја ваша заедница со скромно и суштинско живеење, со близината до сиромашните, транспарентноста и одговорноста при управувањето со добрата – посака папата Фрањо.
Нека искуството на дон Боско и неговиот превентивен состав, ви бидат од помош да можете да одговорите на предизвиците на сегашното брзо воспитување, подготвувајќи ги младите за работа во општеството во согласност со евангелскиот дух, да бидат промотори на правдата и мирот и во Црквата да живеат како протагонисти. Нека вашата присутност меѓу младите се одликува со истата нежност која Дон Боско ја нарекуваше љубезност; да можете да осмислите нови начини на приближување и да постанете нивни пријатели – рече Светиот Отец.
Во таа постапка основна димензија е димензијата на повикот, која не треба да се меша со доброволството, одбегнувајќи го „делумното видение“ како не би се поттикнувале кревки повици втемелени на лабави причини. Како повиците би биле плод на добра пасторална работа со младите, папата Фрањо пред сè ја истакна потребата за молитви за повици и храброст на предлог и учеството на семејствата. Картата на повици е променета и постојано се менува, што значи дека е потребно формацијата да се прилагоди; следење на младите и разликување – истакна папата Фрањо.
Светиот Отец посебно ги препорача младите исклучени од светот на работата – 75 милиони ги има само на Западот – и робовите на зависност поради недостаток на вистинска љубов. Потребна е смелост, човечка зрелост и многу молитви да може да се оди во пресрет на младите од работ (на општеството). Таа работа треба да им се довери на најдобрите, најспособните. Постои опасност притоа да не понесе занесот, испраќајќи ги на прва линија, лицата со добра волја, кои не се најприкладни.
Затоа е потребно внимателно разликување и трајно следење – рече Папата, а потоа се осврна на животот на заедницата и посака да се инспирира од вистински односи, надвладувајќи ги напнатостите, опасностите од индивидуализам и раслојување; во заедницата треба да се негува прифаќање, почитување, взаемна потпора; разбирање, љубезност, како опростување и радост – заклучи Светиот Отец.
РВ/С.С.