Папата ги прими Витезите на Колумбо

Папата Фрањо во четвртокот 10 октомври го прими на аудиенција Управниот одбор на американската хуманитарна организација Витези на Колумбо, кои овие денови имаат своја средба во Рим. Групата беше предводена од врховниот витез Карл Андерсон. Во говорот папата Фрањо заблагодари за поддршката на организацијата која ја дава на Светата Столица, која посебно доaѓа до израз во работата на Папските каритативни дела. Истовремено ги охрабри Витезите на Колумбо да продолжат да сведочат за верата и да им помагаат на најсиромашните.

Молитвата, сведоштво на верата и грижата за најсиромашните се трите основни столба, кои ве карактеризират вас лично, но и вашата организација – рече Папата. Продолжете да барате нови нови патишта, кои ќе бидат евангелски квасец во светот; сила за духовна обнова на општеството, по примерот на вашиот основач отец Мајкл Мек Гивни”.

го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот