Папата ги поттикна чилеанските интелектуалци да промовираат национален соживот

Папата ги поттикна чилеанските интелектуалци да промовираат национален соживот

На 17 јануари 2018 година, папата Фрањо се сретна со студентите, универзитетскиот кадар, интелектуалците и академиците на Папскиот католички универзитет во Сантијаго, поттикнувајќи ги да го преземат предизвикот за создавање на нова култура на дијлог и општествена кохезија.

Светиот Отец ги поттикна чилеанските академици и интелектуалци да ја сензибилираат земјата за важноста на искажување на посебна грижа и почитување кон домородните заедници и нивните културни традиции. Во својот говор Папата исто така ја истакна важноста на одговорноста на воспитачите во создавањето на услови за мирен соживот во земјата.

Светиот Отец голем дел од времето го помина во Арауканија, родната земја на народите Мапуче, и во тој контекст рече дека домородните народи не се само едно малцинство меѓу другите, туку треба да се сметаат за главни партнери за дијалог, посебно кога се предлагаат големи проекти кои ја погодуваат нивната земја.

На универзитетските професори и интелектуалците им рече дека забрзувањето и чувството за дезориентираност пред нови процеси и промени во општество бараат нови образовни процеси кои се преобразувачки, инклузивни и кои даваат предност на средбата и соживотот. Тој процес бара образование кое интегрира и го усогласува умот, чувствата и делувањето – рече Папата, објаснувајќи дека таквиот пристап на студентите ќе им понуди раст кој не е само согласен на личното ниво, туку и на општественото, и така ќе се спречи фрагментацијата и општествено распаѓање.

Папата Фрањо посебно внимание посвети на прашањето за т.н. „флуидно општество“ во кое изгледа дека новото место за средба е „облак“ во кој сè испарува и ја губи постојаноста, а што можеби е една од причините за загуба на свеста за важноста на јавниот живот. Без таа свест многу е тешко да се изгради нацијата затоа што единствено што изгледа важно и валидно е она што се однесува на поединецот – рече Папата.

Повикувајќи на култура која ја негува сеќавањето и врските кои ја поддржуваат, Светиот Отец рече дека нацијата на која ѝ недостасува свеста за важноста на јавниот живот нема да стане само сѐ повеќе фрагментирана, туку и поконфликтна и понасилна. Истакнувајќи ја важноста на напредокот како заедница, папата Фрањо рече дека универзитетот е предизвикан да создаде нови процеси кои ќе ја надминат фрагментацијата и ќе овозможат нови облици на инклузивност. Напомена дека знаењето мора да доведе до меѓуигра на универзитетските училници и мудроста на луѓето кои ја сочинуваат таа благословена земја.

Истакнувајќи дека знаењето мора секогаш да чувствува дека е во служба на животот, Папата рече дека образовната заедница не може да биде сведена на училници и книжарници, туку мора да биде постојано предизвикувана на учество. Светиот Отец исто така се присети на старите кабалистички учења според кои злото се создало од расцепот кој го произведува човекот кој јадел од стеблото на спознанието на доброто и злото, дозволувајќи така знаењето да стекне надмоќ над созданието, подложувајќи го на своите планови и желби.

Тоа – продолжи папата Фрањо – секогаш ќе биде суптилно искушение во секое академско опкружување: да се сведе создаденото на одредени императивни модели кои го лишуваат онаа Таинство кое поттикнувало цели генерации да го бараат она што е праведно, добро, убаво и вистинско. Вистинскиот професор треба да биде способен да го продлабочи чудењето во своите студенти. Чудењето над светот и на целата вселена која чека да биде откриена – рече Папата.

Потсетувајќи ги присутните дека посланието кое им е доверено е пророчко затоа што се повикани да создаваат процеси кои ќе ја просветлат современата култура, папата Фрањо на крајот ги поттикна да бараат секогаш нови места за дијалог наместо судир; средби а не поделби; патиштата на пријателското несогласување кое дозволува различност меѓу луѓето кои се задолжени во искрените напори како заедница да напредуваат кон обновениот национален соживот.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот