Папата ги поттикан Швајцарските гардисти да бидат постојани во верата и великодушни во љубовта

Бидете постојани во верата, великодушни во љубовта кон лицата кои ги сретнувате – рече Папата на швајцарските гардисти, кои заедно со нивните семејства ги прими во понедленик 5 мај, а по повод празникот на Швајцарската гарда, кој се слави на 6 мај во спомен на 147 гардисти, кој на тој ден во 1547 година загинаа бранејќи го папата Клемент VII. Потсетувајќи се на настанот во кој загинаа претходниците на Швајцарската гарда, кој папата Јулиј II ја формира 1506 година, Папата рече дека општестевниот и црковниот контекст во однос на она време е многу променет, но човечкото срце и неговата способност да биде одважно и верно – како што гласи вашето мото – остана исто, истакна Светиот Отец.

Вашата служба е вистинско сведочење за преданоста кон вашата важна задача, во посебно време и простор, во град-музеј како што е Рим, уточиште на туристи и ходочасници од целиот свет. И вие во тој тек на историјата и личните истории, со својата служба сте повикани на ведро и радосно сведочење на христијанската вера на сите оние кои доаѓаат во Ватикан да го видат Папата и базиликата Свети Петар – истакна папата Фрањо.

Поради тоа интензивно живејте ги вашите денови! Бидете постојани во верата и великодушни во љубовта кон сите кои ги сретнувате – поттикна Папата и потсети на стотата годишнина од униформата на Швајцарската гарда, која привлекува внимание на многумина, а е позната и во целиот свет. Униформата не треба да биде она што ги привлекува другите, туку оној кој ја носи  таа униформа со својата срдечност и љубав кон сите – нагласи Папата.

Осврнувајќи се на животот на Швајцарската гарда, Папата ја истакна важноста на заедничкиот живот, делење на радосните моменти и внимателност кон оние кои се во потешкотии, а им е потребно охрабрување и пријателство. Драги гардисти, секој ден одблизу можам да ја почувстувам вашата преданост и ангажирање, поради тоа многу сум ви благодарен – рече на крајот Светиот Отец.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот