Папата Фрањо во недела 6 јуни 2021 година по завршувањето на молитвата Ангел Господов повика во вторник 8 јуни 2021 година, секој според својата верска традиција да посвети по една минута за мир. Молитвената акција тој ден во 13.00 часот ја организира Меѓународната католичка акција (Azione Cattolica Internazionale). Светиот Отец особено повикува на молитва за мир во Светата Земја и за Мјанмар.
Папата Фрањо на Генералната аудиенција апелираше на 8 јуни во 13.00 часот да се одржи „Минута за мир“, на седмата годишнина од средбата во Ватикан помеѓу меѓу израелскиот и палестинскиот претседател со Светиот Отец и Цариградскиот патријарх Вартоломеј.
Меѓународната католичка акција ја промовира иницијативата „Минута за мир“, која започна во 2014 година.
Имено, на 8 јуни 2014 година, папата Фрањо, израелскиот претседател Шимон Перес и палестинскиот лидер Махмуд Абас во ватиканските градини се молеа за мир на Блискиот Исток. По тој повод, по молитвата и кратките говори, учесниците засадија маслиново дрво, што е вообичаен гест на средбите каде што луѓето се молат за мир или кои се посветени на мирот.
Ватикан њуз/к.мк