Папата ги повика бискупите да му се придружат во посветувањето на Русија и Украина на Безгрешното Срце на Марија
Папата ги повика бискупите во светот да му се придружат во посветувањето на Русија и Украина на Безгрешното Срце на Марија. Светиот Отец посветувањето ќе го изврши на 25 март во попладневните часови во базиликата Свети Петар. Тоа ќе биде настан кој ќе се одржи во заедништов со Црквата на сите континенти.
Папата Фрањо ги покани бискупите ширум светот и свештениците да му се придружат во молитвата за мир и во посветувањето на Русија и Украина на Безгрешното Срце на Марија. Ова го потврди директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни одговарајќи на новинарски прашања.
Папата ќе ги посвети Русија и Украина на Безгрешното Срце на Марија на празникот Благовештение, 25 март, во базиликата Свети Петар за време на обредот покора, кој започнува во 17.00 часот. Овој чин истиот ден ќе го извршат сите бискупи во светот. Кардиналот Конрад Крајевски, Апостолски милостилничар, ќе го изврши посветувањето во Фатима, како Папски пратеник.
Папата на 13 март за време на молитвата Ангел Господов, ја повика целата Црква на молитва истакнувајќи дека ги повикуваа сите бискупски и монашки заедници да го зголемат времето на молитва за мир. Потсетуваме и дека на 23 февруари, на Пепелница, повика да биде ден на молитвата и постот за мир во Украина, молејќи Царицата на мирот да го зачува светот од лудилото на војната.
Ватикан њуз/к.мк