Папата Фрањо за време на Генералната аудиенција одржана на 22 март 2017 година ја поттикна фондацијата Мигрантес во нивната работа за прифаќање на мигрантите и бегалците, истакнувајќи дека мигрантската и бегалската криза се „најголемата трагедија“ после Втората светска војна.
„Ве поттикнувам да продолжите со своите напори околу прифаќањето на мигрантите и бегалците, помагајќи им во нивната интеграција и земајќи ги во предвид правата и взаемните должности на оние кои прифаќаат, како и оние кои се прифатени,“ рече Папата на крајот од Генералната аудиенција.
Фондацијата Мигрантес е пасторално тело поврзано со Италијанската бискупска конференција и промовира пасторална грижа за мигрантите и бегалците кои пристигнуваат во Италија.
РВ/к.мк