Поради благи симптоми слични на грип, папата Фрањо ги откажа аудиенциите закажани за во понеделникот. Откажана средбата со архиепископот г.г. Стефан
„Благите симптоми слични на грип продолжуваат. Нема температура. Сепак, како мерка на претпазливост, аудиенциите на папата Фрањо се откажани“. Ова беше објавено во сопопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Иако папата Фрањо ја откажа саботната аудиенција поради благ грип, Светиот Отец го одржа своето неделно обраќање и молитвата „Ангел Господов“ со верниците на плоштадот Свети Петар.
Следниот јавен настан на папата Фрањо се очекува да биде на Генералната аудиенција во среда во салата Павле VI во Ватикан.
Поради здравствената состојба на папата Фрањо откажана е и средбата со Неговото Блаженство г.г. Стефан, предвидена за понеделник 26 февруари.
к.мк