Во поздравот до полските поклоници по катехезата, папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда 27 октомври 2021 година напомена дека ги благословил камбаните како дел од иницијативата „Гласот на неродените“, кои ќе бидат испратени во Еквадор и Украина.
Звукот на камбаната служи како потсетник за вредноста на животот од зачнувањето до природната смрт, да биде глас на неродените деца, да биде предупредување за светот заведен од себичност. Иницијативата е започната во Полска и е наречена „Гласот на неродените“, која се прошири и во други земји. Папата ги благослови камбаните наменети за Еквадор и Украина пред Генералната аудиенција, а потоа го спомена настанот во поздравот до полските аџии.
За овие народи и за сите оние кои се знак во борбата за одбрана на човечкиот живот од зачнување до природна смрт. Нека нивниот звук го објавува евангелието на животот, нека ја разбуди совеста на луѓето и помислата на неродените. На вашите молитви го доверувам секое зачнато дете чиј живот е свет и неприкосновен, рече Папата.
Потсетуваме дека Папата зборуваше за оваа иницијатива уште минатата година, на 23 септември 2020 година на Генералната аудиенција. Тој потоа упати апел до законодавците и истакна дека овој звук ја буди совеста на законодавците и на сите луѓе со добра волја во Полска и во светот.
Иницијативата „Гласот на неродените“ ја промовира полската фондација „Да за животот“, која се занимава со заштита на неродените. На камбаната се врежани зборовите на блажениот Јежи Попелушко: „Животот на детето започнува под срцето на мајката“, а петтата Божја заповед гласи: „Не убивај!“
Камбаните кои ги благослови Папата се наменети за парохијата Свети Иван Павле II во Лавов, Украина и надбискупијата Гвајакил во Еквадор.
Ватикан њуз/к.мк