Коментирајќи го делот од посланието на свети Иван апостол, за време на светата Литургија која Светиот Отец ја служеше во домот Света Марта, Папата истакна дека Светиот Дух е гаранција дека Бог останува меѓу нас и ги поттикна верниците да не веруваат на духот на светот, кој нè прави несвесни, така што повеќе не сме во состојаба да разликува добро од зло
Христијанскиот живот е да се остане со Бог наследувајќи го Светиот Дух, а не духот на светот кој нè води во расипаност, во неразликување на доброто од злото – рече папата Фрањо на првата утринска света Литургија во Домот Света Марта, после божиќната пауза. Во проповедта зборуваше за делот од Посланието на свети Иван апостол, првото читање за светата Литургија, каде се зборува за советот на Исус до учениците: „Останете во Бога“.
За многу христијани Светиот Дух е само голуб
Човек може да живее во најгрешните градови, во најатеистичките општества, но ако срцето на човекот останува во Бог, тој маж и таа жена донесуваат спасение – истакна папата Фрањо и потсети на настанот раскажан во Делата на светите Апостоли, кога христијаните кои ги крсти Иван, прашале: Дали примивте Дух Свети?. А тие не знаеле за кого станува збор. Колку христијани и денес Светиот Дух го поистоветуваат само со голуб, а не знаат дека тој е оној кој ти дава да останеш со Господ, дека е гаранција и сила за да се остане со Господ.
Духот на светот нè пррави да бидеме несвесни
Осврнувајќи се потоа на духот на светот, кој е спротивен на Светиот Дух, Папата потсети дека Исус на Последната вечера не бара од Отецот да ги тргне учениците од светот, затоа што христијаснкиот живот е во светот, туку моли за да ги заштити од духот на светот, кој е спротивен. Тоа е полошо, отколку да се направи некој грев. Тоа е атмосфера која те прави несвесен, те води до тоа да не знаеш да го разликуваш доброто од злото.
Светиот Дух е гаранција за да се остане со Бог
Напротив, кога би останеле во Бог, мораме да го бараме тој дар на Светиот Дух, кој е гаранија. Со тоа знаме дека остануваме во Господ. Но како можеме да знаеме дали имаме Свет Дух или дух на светот – праша Папата и објасни: Свети Павле и дава совет: Не натажувајте го Светиот Дух. Кога одиме според духот на светот го натажуваме Светиот Дух и го занемаруваме, го оставаме настрана, а нашиот живот оди по друг пат.
Христијаните кои слават нова година се расфрлаат со пари
Духот на светот е да се заборава, затоа што гревот нè оддалечува од Бог, ако ти го забележиш и ако се покаеш, духот на светот те поттикнува да заборавиш што е грев, според него сè може да се прави – рече Папата и раскажа дека овие денови еден свештеник му покажал снимка на христијани во еден туристички град, во христијанска земја, како слават Нова година.
Првиот ден од годината го славеле на страшен, монденски начин, расфрлајќи се со пари и многу други работи. Тоа е духот на светот. Некој би можел да праша: Дали тоа е грев? Не, тоа е расипаност, тоа е полошо од грев – напомена Папата и додаде: Светиот Дух те води кон Бог, и ако згрешиш Светиот Дух те штити и ти помага да станеш; додека духот на светот те води во расипаност, те води до тоа, да не знаеш повеќе да разликуваш што е добро, а што зло; сè е исто, сè е еднакво.
Проверувајте ги духовите дали доаѓаат од Бог
Папата потоа се присети на една аргентинска песна која вели: Оди, оди, сè е исто…, ќе се сретнеме таму во печката“ и истакна дека духот на светот го прави човекот да не биде свесен, да не го разликува гревот. Како може да знам дали сум на патот на монденоста, духот на светот или пак го имам Божјиот дух?
Апостол Иван ни дава совет: Возљубени, не верувајте му на секој дух (односно секое чувство, секое вдахновение, секоја идеја), туку проверувајте ги духовите дали доаѓа од Бог (или од светот). Но што тоа значи да се проверува Духот? Едноставно, кога нешто ќе почувствуваш, кога ќе добиеш волја за нешто да направиш, или се сетиш на нешто, осуда за нешто, прашај се: Дали тоа што го чувствувам, дали тоа е од Божјот Дух или од духот на светот? – рече Папата.
Дали тоа што го чувствувам е од духот на светот или од Бог?
Советот на Папата е еднаш или два пати на ден, или кога ќе почувствуваме дека нешто ни доаѓа на памет, да се прашаме: Тоа што го чувствувам, тоа што сакам да го направам, од каде доаѓа? Од духот на светот или од Божјиот Дух? Дали тоа ќе ме направи добар или ќе ме фрли на оној пат на световност, кој значи несвесност?
Многу христијани не знаат што се случува во нивните срца
Многу христијани живеат, незнаејќи што се случува во нивните срца – рече Папата. Поради тоа свети Павле и свети Иван велат: Не верувајте му на секој дух, она што го чувствувате, туку проверувајте го. Така ќе знаеме што се случува во нашето срце. Според зборовите на Папата многу христијани имаат срце како улица и не знаат кој доаѓа, а кој се враќа, доаѓаат и заминуваат, затоа што не знаат да проверат што се случува внатре.
Затоа ве молам секој ден да си земете малку време пред да одите на спиење или пак напладне – кога сакате тогаш – и прашајте се: Што помина денес низ моето срце? Што требаше да направам, да мислам? Кој е духот кој се разгоре во моето срце?
Духот Божји, дарот Божји, Светиот Дух секогаш ме води напред, на средба со Господ или духот на светот, кој благо, пополека ме оддалечува од Господ, во лагодно клизање.
Срцето да не биде улица, туку место за средба со Бог
Да молиме за таква милост да останеме во Господ и да молиме Светиот Дух да ни даде да останеме во Господ; нека ни даде милост да ги разликуваме духовите, односно она што се разгорува во нас. Нашето срце да не биде улица, туку место за средба со Бог – рече на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк