Папата Фрањо ѝ го довери на Дева Марија Апостолското патување во Тајланд и Јапонија, на кое појде вчера вечерта. Во една порака на Твитер побара од верниците да се молат за деновите на неговото патување да бидат богати со благодати и радост.
Пред поаѓањето на своето 32. Апостолско патување на кое тргна вчера вечерта и на кое ќе ги посети Тајланд и Јапонија, папата Фрањо вчера претпладне отиде во римската базилика Света Марија Велика и се помоли пред иконата Блажена Дева Марија Salus Populi Romani (Спасение на римскиот народ). Таа базилика на папата Фрањо му е посебно мила и затоа римскиот епископ повеќе пати ја има посетил. Прв пат беше денот по неговиот избор за папа на 14 март 2013 година. Тоа всушност беше неговото прво излегување од Ватикан. Сега веќе стана обичај на неговиот понтифакт во базиликата Света Марија Велика да се упати пред и после секое патување во странство.
Секој пат кога ќе ја посети Папата пред Богородичната икона која се наоѓа во капелата Боргесе внатре во базиликата, положува цвеќе и останува некое време во молитва. Во иконата на Блажена Дева Марија со Детето во рацете, Папата ја гледа верата на Божјиот народ кој со векови се собирал околу Пресвета Богородица во моменти на неволја на пример во време на чума за да испроси знак на милост од небото затоа што „она што е невозможно за луѓето не е невозможно за Бог.“
Светата Богородична икона секогаш им била драга на Исусовците – свети Игнациј на пример својата прва света Литургија ја служел токму во базиликата Света Марија Велика – како и Папите. Пио XII ѝ искажал посветеност во 1950 година кога ја прогласил догмата за Успението. Таа икона освен тоа во 2000 година беше поставена во Tor Vergati во Рим, по повод Светскиот ден на младите и во таа пригода свети Иван Павле II ги довери на младите заедно со крстот – како што рече, дека секогаш јасно дека Марија е многу силна Мајка која води до Исус. Токму свети Иван Павле II од самиот почеток на својот понтификат сакаше пред таа Богородична икона ден и ноќ да гори светилка како сведоштво на неговата голема побожност кон Пресвета Богородица.
Ватикан њуз/к.мк