Папата: Војната ја загрозува граѓанскaта и верската рамнотежа во Источна Европа

Папата: Војната ја загрозува граѓанскaта и верската рамнотежа во Источна Европа

Примајќи ги во аудиенција членовите на Конгрегацијата на отците Августинци од Вознесението на Марија, кои се во Рим на Генерално собрание, папата Фрањо ги потсети на утврдените области во кои е изразена нивната харизма: апостолат на ходочастие, вклученост во медиумите и мисии на исток. Папата го охрабри и присуството на нивната конгрегација во Светата Земја каде што се загрозени христијаните.

Една од главните посланија на апостолскиот монашки живот е конкретното секојдневно пројавување на близината на царството Божјо – ова е главната мисла што ја истакна папата Фрањо обраќајќи им се на отците Августинци од Вознесението на Марија, кои ги прими во аудиенција на 22 јуни 2023 година, по повод нивното Генерално собрание, кое се одржа на тема „Се приближи Царството Божјо (Марко 1,15). Да живееме и да ја навестиме надежта на Евангелието“.

Апостолат на ходочастие

Да се пројави близината на Божјото царство значи да се навести надеж на секој човек и на целиот свет. Надежта дека животот не е затворен – додаде Папата и спомна едно од делата што најмногу ја карактеризираа харизмата на отците: апостолатот на ходочастие, жар што се прошири од Лурд до Латинска Америка. Освен тоа, Светиот Отец потсети и на нивната вклученост во медиумите, што ја карактеризира нивната конгрегација на секој континент.

Мисија на исток

Еден од историски најефикасните апостолати што сè уште е присутен е – според Папата – нивната мисија на Исток. Ова е вистински предизвик, посебно во овој критичен момент поради конфликтите кои се во тек.

Ве охрабрувам да ја продолжите оваа мисија на Блискиот Исток, каде што христијаните се под закани, како и во Источна Европа, каде што војната во Украина ја загрозува граѓанскaта и верската рамнотежа во тој регион. Исто така, сакам да изразам благодарноста од Светиот Престол за верноста на вашето ангажирање во малата Католичка црква од византиски обред во Бугарија, која смета на вас. Вашето долгогодишно искуство на дијалог со православието, како и со исламот и јудаизмот е вредно за Црквата; Денес, повеќе од кога било, бидете креатори на единство и заедништво во служба на мирот.

Повици

Папата Фрањо се осврна и на прашањето за опаѓањето на звањата, но, како што изгледа, не се однесува многу за оваа монашка заедница.

Ми кажаа дека секој трет член на вашата конгрегација е во формација; тоа е важно, во овој момент на недостаток на звања, нула наталитет, (…), тоа е благодат. Оваа забележлива пропорција отвора перспективи за иднината, но во исто време е голем предизвик за да ја пренесете вашата харизма. Ве молам, оние што се  воформација, добро нека ја примат харизмата.

Црквата има доверба во вас

Спомнувајќи го учењето на основачот на редот, преподобниот божји слуга Емануел Д’Алзон, Папата ги поттикна монасите со обновена сила да продолжат да ги следат веќе зацртаните патишта.

Мора да бидеме храбри. Но, зарем Божјото царство само по себе не е радикален пробив на новоста за нашето човештво? Тоа е тоа. Треба да се биде храбар. За да го прифатите овој предизвик, не плашете се да ја негувате во себе и околу себе „тројната љубов“ што ве научи отец д’Алзон: да го љубите Христос, да ја сакате Дева Марија и да ја сакате Црквата. На овој начин ќе бидете верни на својата харизма и ќе најдете верни, а воедно и иновативни начини да ја реализирате. Во сите овие работи, овие патишта, стари и нови, драги браќа, можете да сметате на моите молитви и мојата доверба. Црквата има доверба во вас.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот