Папата: Војната е „мајка“ на секое сиромаштво

Војната е „мајка“ на секое сиромаштво – рече папата Фрањо на аудиенцијата одржана на плоштадот Свети Петар на 3 јуни.

Војната е „мајка“ на секое сиромаштво – рече папата Фрањо на аудиенцијата одржана на плоштадот Свети Петар на 3 јуни, на која размислуваше за ранливоста на семејството во такви услови на живот кои го стават на искушение. Затоа желбата на Светиот Отец е да им се помогне на семејствата во нивниот живот и покрај сиромаштвото и бедата кои ги погодуваат чувствата и врските.

Денес има многу проблеми кои семејството го ставаат на искушение, а за оние кои живеат на перифериите на големите градови, како и оние во селските подрачја првиот проблем е сиромаштвото. Папата своите мисли веднаш на почетокот на катехезата ги насочи на сиромаштвото, на постојаното влошување на таа реалност, која често е отежната со војна. Војната секогаш е нешто страшно – рече Папата – Освен тоа, посебно го погодува цивилното население, семејствата. Војната навистина е мајка на сите облици на сиромаштво; војната го осиромашува семејството, ги краде животите, душите и најсветлите и најдрагите чувства – истакна Светиот Отец.

Сепак – рече Папата – има многу сиромашни семејства кои се трудат достоинствено да го живеат својот секојдневен живот, доверувајќи се на Божјиот благослов. Меѓутоа, тоа не може да ја оправда нашата рамнодушност; уште повеќе фактот што има многу сиромаштво треба да го зголеми нашиот срам. Во секој случај, семејството иако во такви услови се развива и понатаму и дури одржува – колку што е тоа можно – посебната човечност на своите врски – истакна Папата и додаде дека тој факт ги вознемирува планерите на благосостојбата кои чувствата, генерацијата и семејните врски ги сметаат за споредна варијабла за квалитетот на животот. Тие ништо не разбираат! Ние, напротив би требало да се поклониме пред тие семејства кои се вистински училишта на човекољубивост кои го спасуваат општеството од варварство – истакна папата Фрањо.

Светиот Отец затоа поттикна да не попуштаме пред уцените за насилство и пари, одрекувајќи се од семејсните чувства. До нова граѓанска етика ќе дојде дури кога одговрните за јавниот живот ќе ги реорганизираат општествените врски, почнувајќи од борбата против изопачената спирала на семејствата и сиромаштвото која нè води во пропаст – рече Папата и кажа дека пак од друга страна денешната економија често е специјализирана за ужување на индивидуална благосостојба, но при тоа на големо ги искористува семејните врски и така паѓа во контрадикција.

Огромната работа на семејствата не е секако изразена во биланси! Економијата и политиката во таа смисла – според зборовите на Папата – се скржави во давањето признанија. Сепак, внатрешното обликување на луѓето и кружењето на чувства во општеството таму има свое упориште. Ако го отстраниш сè се руши – рече Папата и истакна дека овде не е прашањето само за лебот, туку и за образованието, за здравството. Добро го знаат тоа децата – рече Светиот Отец – оние неисхранетите и болните во различни страни на светот, или пак оние кои се лишени од сè на кои очите им блескаат иако училиштата им се направени од ништо, кои со гордост го покажуваат своето пенкало и тетратка, или пак со љубов го гледаат својот учител или учителка.

Децата навистина знаат дека човекот не живее само од леб! И семејната љубов; кога ќе завладее беда децата трпат, бидејќи сакаат љубов, сакаат семејни врски – рече папата Фрањо и затоа нè поттикна нас христијаните секогаш да бидеме близу до семејствата кои сиромаштвото ги става во искушение и повика да мислиме на бројните татковци и мајки без работа, чии семејства трпат, а врските слабеат. Општествената беда го погодува семејството, а понекогаш и го уништвува. Невработеноста или губењето на работа или пак нејзина голема нестабилност силно влијае на семејниот живот, ставајќи ги односите во големи искушенија – рече Папата и ги спомна и условите за живот во најсиромашните градски населби, проблемите со превозот, како и слабите социјални, здравствени и училишни услуги кои создаваат дополнителни тешкотии.

А да не зборуваме – додаде папата Фрањо за штетата која на семејствата им ја нанесуваат лажните модели кои ги шират масовните медиуми, а кои се темелат на консумизмот и на култот на надворешноста. Тие – според зборовите на Папата – силно влијаат на најсиромашните општествени слоеви и го зголемуваат распаѓањето на семејните врски. Црквата е мајка и затоа не смее да ја заборави таа драма на своите деца – истакна папата Фрањо и додаде дека и таа треба да биде сиромашна за да стане плодна и за да одговори на големата беда. Затоа Папата поттикна на молитва и на делување за нашите христијански семејства да бидат протагонисти на таа револуција на семејна близина која сега толку ни е потребна.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот