Папата: Бог не ја сака вревата, туку звукот на тишината

Папата: Бог не ја сака вревата, туку звукот на тишината

Заедно, но тивко. Ова го истакна папата Фрањо во размислувањето за време на екуменското бдение што го организираше заедницата Тезе за Синодата. Заедно со патријархот Вартоломеј I, надбискупот од Кантербери Џастин Велби и поглавари на други христијански деноминации, Папата ја предводеше претсинодалната екуменска молитва на плоштадот Свети Петар во Рим, велејќи: „Бог не сака празни зборови и извици, христијанското единство расте во тишина, пред крстот.

Осум минути во тишина „пред Господ“ кој „е присутен“ и „обединува“. Осум минути во кои заедно се молеа папата Фрањо, вселенскиот патријарх Вартоломеј I, надбискупот од Кантербери Џастин Велби и други црковни поглавари и претставници, со околу 18 илјади луѓе, меѓу кои и илјадници млади луѓе, кои дојдоа на плоштадот Свети Петар од многу делови на светот на екуменското бдение организирано од заедницата Тезе, во сабота 30 септември 2023 година.

Наканата е да му се довери на Светиот Дух првото заседание на XVI. редовно собрание на Епископската синода „за синодална црква“, кое ќе започне на 4 октомври, по што од недела учесниците три дена ќе се повлечат во молитва во домот „Fraterna Domus“ во Сакрофано, во близина на Рим.

Екуменското бдение на плоштадот Свети Петар беше организирано од заедницата Тезе, на која се заблагодари папата Фрањо, проследено со негово размислување за тишината, суштинска во животот на верникот; суштинска во животот на Црквата; суштинска за патот на христијанското единство.

Бог не ја сака вревата, туку звукот на тишината

Навистина, тишината, рече папата Фрањо, е „важна и силна“ и „може да изрази неопислива болка при несреќа, но во моментите на радост, таа изразува задоволство што ги надминува зборовите“. Словото кое молчи во ноќта на Христовото раѓање и крстот.

Затоа што, вели Папата, „во свет полн со врева, веќе сме одвикнати од тишината, дури понекогаш тоа тешко го поднесуваме, бидејќи таа нè соочува со самите нас. А сепак тоа е основата на Словото и животот“, но и затоа што „молчењето во црковната заедница овозможува братска општење во кое Светиот Дух ги усогласува гледиштата“. На крајот, затоа што „христијанското единство расте во тишина пред крстот, исто како што го примаме семето и кое ги претставува различните дарови дадени од Светиот Дух на различните традиции: на нас е да го посееме, со сигурност дека само Бог дава да расте“.

Зашто „Бог претпочита, како што направи со Илија, да зборува со „шепот на благо ветре“. Папата охрабри: „Да побараме Синодата да биде kairós (погоден момент) на братство, место каде Светиот Дух може да ја очисти Црквата од празно зборување, идеологии и поларизации“.

Од друга страна, вистината, за да допре до срцето на народот, не и треба гласен плач. Бог не сака прогласи и извици, празно зборување и врева: тој повеќе претпочита, како што направи со Илија, да зборува со „шепот на благо ветре“, со „звукот на тишина“.

Да молиме, рече на крајот папата Фрањо, за да знаеме како да го обожаваме, таинството за Бог кој стана човек, соединети и во тишина, „како мудреците“, „убедени дека колку сме поблиску до Христа, толку поблиску ќе бидеме еден до друг.

Многумина дојдоа на плоштадот Свети Петар благодарение и на гостопримството на римските парохии, кои заедно со Викаријатот организираа програма за добредојде и споделување.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот