Папата: Бог нека ги преобрати срцата на терористите

Папата: Бог нека ги преобрати срцата на терористите

Папата после молитвата Ангел Господов на 1 ноември 2017 година изрази длабока жалост поради терористичките напади кои во последните неколку дена се случија во Сомалија, Авганистан и на 31 октомври во Њујорк.

Тој ги осуди тие насилни дела и рече дека се моли за убиените, ранетите и нивните ближни. Го молам Господ да ги преобрати срцата на терористите и светот да го ослободи од омразата и убиственото лудило кое го злоупотребува Божјото име за да шири смрт – рече Светиот Отец.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот