Духот е Тој Кој нè воскреснува од нашите ограничености, од нашата смрт затоа што сме полни со изопачено ткиво во нашиот живот и во нашата душа.
Можеме повторно да се родиме „од својата маленкост“, од својот грешен живот само со помош на истата сила со која Го воскресна Господ; односно со силата Божја и затоа Господ ни го испрати Светиот Дух. Сами тоа не можеме да го направиме – потсети папата Фрањо во проповедта на сетата Литургија која ја служеше во домот Света Марта на 30 април 2019 година, фокусирајќи се на Исусовиот одговор на Никодим за кој зборува литургиското Евангелие (Иван 3,3-15). Имено Никодим прашувал како можеме да се родиме повторно, а тоа прашање и ние го поставуваме.
Исус зборува за повторно раѓање одозгора, а Папата ја следи таа врска помеѓу Велигден и пораката за повторното раѓање. Пораката за Господовото воскресение е дар на Светиот Дух. Имено во првото Исусово објавување на апостолите во неделата на воскресението им рекол: Примите Дух Свети. Тоа е силата! Без Светиот Дух не можеме ништо да направиме – објасни Папата потсетувајќи дека христијанскиот живот не е само добро однесување. Можеме нешто да направиме, да ја напишиме својата биографија со англиски краснопис, но христијанскиот живот повторно се раѓа од Светиот Дух и затоа треба да Му направиме место.
Духот е Тој Кој нè воскреснува од нашите ограничености, од нашата смрт затоа што сме полни со изопачено ткиво во нашиот живот и во нашата душа – рече Светиот Отец и истакна: Пораката за воскресението е Исусовиот одговор на Никодим дека треба повторно да се роди. Но зошто тоа го препушта на Светиот Дух? Христијанскиот живот кој се нарекува христијански, кој не остава место за Светиот Дух и не дозволува да го води Светиот Дух е погански живот, преправен како христијански. Светиот Дух е протагонист на христијанскиот живот, Светиот Дух Кој е со нас, Кој нè придружува, Кој преобразува и победува со нас. Никој не се вознесол на небото освен Оној Кој слегол од небото. И во моментот на воскресението ни вели: Примете Дух Свети; Тој ќе Ви биде придружник во вашиот христијански живот.
Не може да има христијански живот без Светиот Дух Кој е наш секојдневен придружник, дар на Отецот и Исусов дар. Да Го молиме Господ да ни го даде сознанието дека не можеме да бидеме христијани, а да не одиме заедно со Светиот Дух без делувањето на Светиот Дух, ако не дозволиме Светиот Дух да биде протагонист на нашиот живот. Потребно е да се запрашаме кое е Неговото место во нашиот живот затоа што не можеме да живееме христијански живот без Светиот Дух. Треба да го молиме Господ за милоста да ја сфатиме таа порака дека Светиот Дух е наш придружник на патот – заврши папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк