Во поздравите до италијанските ходочесници, на крајот од Генералната аудиенција, Папата уште еднаш се осврна на драматичната ситуација на Блискиот Исток и упати апел за Украина и сите области ранети од војна. Во продолжение потсети на Денот на постот, молитвата и покора, на 27 октомври, кога ќе се собереме на молитва за мир во светот.
Драматичната ситуација на Блискиот Исток се уште е во мислите и зборовите на папата Фрањо, како и во поздравите на крајот од Генералната аудиенција. Обраќајќи им се на италијанските ходочесници присутни на Генералната аудиенција на 25 октомври 2023 година, тој повторно апелираше за мир во Израел и Палестина, во Украина и во целиот свет.
Го охрабрувам ослободувањето на заложниците и влезот на хуманитарна помош во Газа. Продолжувам да се молам за сите кои страдаат и се надевам на патишта за мир на Блискиот Исток, во Украина што страда и во другите области ранети од војна.
Светиот Отец потоа потсети дека петок 27 октомври е ден на пост, молитва и покора и дека во 18.00 часот во базиликата Свети Петар ќе се моли за мир во светот. Поздравувајќи ги ходочесниците од португалско говорно подрачје, Папата на Пресвета Богородица ѝ ја довери итната потреба за мир.
Да не дозволиме облаците на конфликтот да го сокријат сонцето на надежта. Напротив, да и го довериме на Пресвета Богородица итно потребниот мир за да може сите култури да се отворат за вдахновението на хармонијата на Светиот Дух.
Ватикан њуз/к.мк