На 16 јуни 2022 година во Католичката црква „Свети Кирил и Методиј и свети Бенедикт“ во Охрид беше прославен празникот на Пресветото Тело и Крв Христова.
На Светата Литургија присуствуваше министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, делегацијата со него и други верници.
На светата Литургија сослужуваа и свештеници, Салезијанци од Бугарија, кои се во посета на Македонија.
После Светата Миса верниците имаа можност да се задржат во заедништво и разговор со министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.
к.мк