Директорката на Ватиканските музеи, Барбара Јата на 14 јануари изјави дека од 1 февруари Ватиканските музеи повторно ќе ги отворат вратите за посетителите, доколку тоа е во согласност со мерките на италијанската влада.
Со оглед на малиот број на пријавени посетители за наредните денови, нема да постои ризик од инфекција со коронавирус – истакна Јата. Иако онлајн понудата на Ватиканските музеи во последните месеци бележи голем пораст на посетители „сепак би било убаво повторно да ги отвориме нашите колекции за јавноста“ – рече таа, истакнувајќи дека тоа зависи од одлуката на италијанската влада која даде најава за отворање на музеите во регионот со низок ризик за ширење на заразата со коронавирусот.
Ватиканските музеи беа затворени од март до јуни, кога се отворија со строги епидемиолошки мерки и значително намален број посетители. Тие беа затворени повторно во ноември поради состојбата со пандемија.
Ватикан њуз/к.мк