Од проповедта на Папата: За да го сочуваме срцето од зло треба да правиме испит на совеста
За да го сочуваме своето срце од злото постои една стара, но многу добра пракса: испит на совеста – рече папата Фрањо на светата Литургија на 10 октомври во домот Света Марта. Денешното Евангелие нѐ потсетува дека ѓаволот секогаш повторно се враќа не пропуштајќи никогаш прилика за да нѐ искушува. „Ѓаволот има трпение“ – истакна Светиот Отец – „не го пушта тоа што го сака за себе“- „нашата душа“.
Дури и после искушенијата во пустината, сатаната повторно и повторно се враќа; кога планирале заговор против Исус, при Исусовите маки сѐ до крстот во потсмев „Ако си навистина Син Божји, слегни од крстот, па ќе ти поверуваме.“ „А сите ние знаеме како тие зборови го прободуваат срцето“ – објасни Папата – „Па ти го можеш ли тоа? Дај да те видиме!… Не, не можеш.“ Така ѓаволот го искушувал Исус, така нѐ искушува и нас.
Потребно е да го чуваме нашето срце во кое престојува Светиот Дух – нагласи папата Фрањо – „за да влезат во него други духови.“ Срцето треба да се чува како што се чува куќа, под клуч. Да бдееме над него како стражари: „Колку пати“ – продолжи Папа – „во него влегуваат зли мисли, зли накани, љубомора, завист. Толку многу работи влегуваат. Но, кој им ја отворил вратата? Каде влезеле?“ Ако не разбирам од каде влезеле во моето срце, „тоа ќе биде како плоштад каде што сите доаѓаат и си заминуваат. Срце без интимност, каде Господ не може да зборува и каде што уште помалку може да се слушне“ – рече Светиот Отец, додавајќи:
„Исус вели: Кој не собира со мене, тој растура. За да имаме срце кое собира; срце во кое знаеме што се случува, можеме тука и таму да ја примениме таа древна и толку добра пракса на Црквата: испит на совеста. Кој од нас навечер, пред да го заврши својот ден“ – себе си насамо си ги поставува прашањата: „Што влезе денес во моето срце? Што се случи? Кои работи поминаа низ моето срце? Ако тоа не го правиме, навистина нема да можеме будно да внимаваме на своето срце ниту да го сочуваме“ – заклучи папата Фрањо, додавајќи: „Испитот на совеста е милост бидејќи го чува нашето срце и во него го чува Светиот Дух.“
„Знаеме Исус јасно говори дека ѓаволите секогаш се враќаат,“ цел живот – рече понатаму Папата. Меѓутоа, Исус ни дава пример, како „да се чуваме, бдееме, за да не влезат. Потребно е да знаеме да се собереме; да бидеме во тишина самите пред себе и пред Бог; и на крајот на денот да се прашаме“ за тоа што сѐ поминало низ нашето срце. „Тоа ни помага да се одбраниме од злото, кое и ние можеме да го направиме, ако дозволиме влез на лукавите демони, кои на крајот сите не измамуваат“ – рече на крајот Папата.
РВ/Д.И.