Од проповедта на Папата: Дали сум отворен на Бог, Кој изненадува

Отворете се за Божјите изненадување, не затворајте се пред знаците на времето – нагласи во проповедта папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта на 13 октомври. Коментирајќи ги Исусовите зборови упатени на фарисеите, Папата ги поттикна верниците да не останат наврзани на сопствените размислувања, туку да одат со Господ. Исус зборува на учителите на законот кои од Него барале знак, а Тој ги нарекува „лукав род“.

Толку пати – рече Светиот Отец – учителите на законот бараат знаци, а Исус им одговара дека не знаат „да ги видат знаците на времето“ и затоа „барале посебен знак“. Прашувајќи се за тоа, зошто не ги разбирале знаците на времето, Папата вели: „Пред сѐ бидејќи биле затворени во својот систем; имале одличен систем на закони, ремек-дело. Сите Евреи знаеле што може да се прави, а што не, дури и каде е дозволено да се оди. Сѐ било систематски организирано. И тие во тоа се чувствувале сигурни“ – рече Папата, додавајќи:

За нив тоа што Исус го правел било необично. Тоа „не им се допаѓало, било опасно, во опасност била науката за законите која тие, теолози ја разработувале низ вековите. Тоа го направиле од љубов и верност кон Бог, но кон неа биле затворени. „Заборавиле дека Бог – Бог е на законите, но е и Бог на изненадувањата. Не може да се негира; никогаш не се вели дека она што било кажано е погрешно – но, секогаш нѐ изненадува – објасни папата Фрањо.

„Понатаму заборавиле дека тие биле народ во одење“ – продолжи Папата – „А кога се оди се пронаоѓаат нови работи, кои до тогаш не ги познавале“, а „животот е одење кон полнината со Исус Христос и Неговото второ доаѓање.“ Тие пак, фарисеите, не сфатиле дека законот кој го чувале и љубеле, бил образованието (на патот) кон Исус Христос.“ Бидејќи законот не ги носел кон Исус, бил мртов и заради тоа Исус ги опоменува дека се затворени; дека не се способни да ги препознаат знаците на времето и дека не се отворени за Бог кој нѐ изненадува.

„Тоа би требало да нѐ поттикне на размислување“ – смета Папата – „дали јас сум наврзан на своите работи, на своите планови; дали сум затворен? Или сум отворен кон Бог, Кој изненадува? Дали сум човек кој не се мрднува или сум во движење, во одење? Верувам ли во Исус Христос – во Исус Кој умре, воскресна и ја исполни историјата – верувам ли дека патот води кон созревање, кон соопштувањето на славата Господова? Дали сум способен да ги сфатам знаците на времето и да бидам верен на гласот Господов кој во нив се покажува?“

„Денес сите можеме да си ги поставиме овие прашања“ – рече Светиот Отец – „и побара од Господ срце кое го сака законот бидејќи тој е од Господ, но, кој ги сака и изненадувањата Божји и кој знае како тој свет закон не е цел сам за себе. Тоа одење е подготовка која нѐ води до конечна средба со Исус Христос„ – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот