Од проповедта на Папата:Не користи проповедта, ако проповедниците не се блиску до луѓето
Може одлично да проповедаме, но ако на луѓето не им сме блиски; ако не страдаме со народот и не му даваме надеж, таквите проповеди нема да користат бидејќи се празни – рече папата Фрањо на светата Литургија на 16 септември во домот Света Марта, на празникот на светите маченици папата Корнелиј и епископот Кипријан.
Денешното Евангелие зборува за Исус Кој се приближува до погребната поворка: на вдовицата од Наин и умрел синот единец. Господ чудесно го оживува младото момче, но прави уште нешто – истакна Папата – останува блиску. Луѓето кажале: „Бог Го посети Својот народ.“ А кога Бог Го посетува Својот народот, тука има уште нешто, нешто ново, а тоа е Неговата лична присутност“ – објасни Светиот Отец и продолжи: Исус на луѓето им бил близок. Близок Бог Кој може да го сфати срцето на луѓето, срцето на Својот народ“ и кога ја видел погребната поворка, се приближил. „Бог Го гледа Својот народ, му се приближува. Блискоста е Божји начин“ – рече Папата, развивајќи ја понатаму мислата: Постои во Библијата еден израз кој многу пати се повторува: Господ се смилува. Истото смилување за кое, вели Евангелието, Исус Го имал кога го видел народот како овци без пастир. Кога Господ Го посетува Својот народ, му е близок, му пристапува и се сочувствува со него, трогнат е“ – рече папата Фрањо.
Господ е – продолжи Папата – „длабоко потресен, како пред гробот на Лазар; како татко кој го здогледал изгубениот син на пат кон дома. Блискост и сочувство: така Господ Го посетува Својот народ. А кога ние сакаме да го навестиме Евангелието, да ги пренесеме Исусовите зборови ова ни се начините и патоказот. Поинаков бил патот на учителот, проповедникот во тоа време: учителите на законот, книжниците, фарисеите… Добро зборувале, добро поучувале за законот. Но, биле одделени од народот. Тоа не било Господова посета: тоа била поинаква работа. Народот тоа не го сфатил како милост бидејќи (на фарисеите, книжниците) им недостигала близината, им недостигало сочувствувањето т.е. да страдат заедно со народот.“
„И има уште еден збор“ – додаде Светиот Отец – „сопствена Господова посета на народот“… мртовецот се подигнува и проговара, а Он го дава на неговата мајка.“ Кога Господ Го посетува Својот народ секогаш во луѓето ја обновува надежта. Може за Божјото Слово изворедно да се проповеда: во историјата имало многу одлични проповедници. Но, ако овие проповедници не посеале надеж, таквата проповед не користи. Празна е“ – рече Светиот Отец, истакнувајќи како – додека Го гледаме Исус каде што го враќа на мајката жив синот – „можеме да сфатиме што значи Божја посета на Својот народ и да молиме за милост и нашето христијанско сведоштво да биде носител на Божјата посета, т.е. на блискоста која сее надеж“ – заврши папата Фрањо.
РВ/Д.И.