Во недела 15 октомври 2017 во парохијата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје за време на Евхаристиската прослава е одбележан Денот на лебот и благодарност за плодовите на земјата.
Деца кои посетуваат основно училиште предводени од вероучителиките го принесоа лебот и плодовите на земјата, а во пригодната проповед скопскиот парох дон Давор Топиќ рече дека лебот е извор на животната и духовната сила и дека со овој настан кој Црквата го промовира во своите институции сака да придонесе за целосно воспитание и образование и за да се изгради правилен однос кон природата.
По завршувањето на Мисата, пред катедралата група на скаути од парохијата по повод Ден на лебот делеа „фритули“ и мали лепчиња за парохјаните и низ игра создадоа пријатна и радосна атмосфера која произлезе од чистите детски срца.
к.мк