Папата Фрањо ќе го предводи литургиското славење во Бари по повод средбата посветена за мир на Медитеранот, кој го организира Италијанската бискупска конфернција
Канцеларијата за печат при Светиот Престол на 7 јануари го објави распоредот на литургиските славења на кои Папата Фрањо ќе ги предводи во јануари и февруари годинава. На празникот Преобраќање н свети Павле на 25 јануари, Светиот Отец по повод 53. Молитвена осминина за единство на христијаните, ќе ја предводи Вечерната молитва во базиликата Свети Павле надвор од ѕидините. Во неделата на Божјото Слов, 26 јануари, Папата ќе ја предводи светата Миса во базиликата Свети Петар.
Во сабота на 1 февруари, во ватиканската базилика, во заедништво со членовите на институтот на посветен живот и општеството на апостолскиот живот, Папата Фрањо ќе го предводи литургуското славење по повод празникот Сретение Господово и 24. Ден на посветениот. Во втората половина на февруари односно во недела на 23 февруари, Светиот Отец ќе го предводи литургиското славење во Бари по повод средбата посветена за мир на Средоземјето.
Ватикна њуз/к.мк