Објавен распоредот за литургиските славења, кои ќе ги предводи Папата за време на божиќните празници
Канцеларијата за печат на Светиот Престол во понеделник, 13 декември, го објави распоредот за литургиските славења со кои претседава папата Фрањо за божиќното време.
На Бадник, петок, 24 декември, во пресрет на празникот Рождество Христово во базиликата Свети Петар во Ватикан во 19.30 часот, Папата ќе ја предводи светата Литургија.
На празникот Божиќ во сабота, 25 декември, Папата во 12.00 часот ќе ја упати својата Божиќната порака од централната ложа на Ватиканската базилика и ќе го сподели традиционалниот благослов на градот и светот, „Urbi et Orbi“.
На последниот ден од календарската година, на новогодишната ноќ, петок, 31 декември, во 17.00 часот во Ватиканската базилика Светиот Отец ќе ја предводи Првата Вечерна на празникот Пресвета Богородица, после тоа ќе биде изложена Пресветата Причест, ќе се испее традиционалната химна Te Deum на крајот од граѓанската година. Богослужбата ќе заврши со евхаристиски благослов.
На празникот на Пресвета Богородица во сабота 1 јануари 2022 година, кога се празнува 55. Светски ден на мирот, Папата ќе служи свечена Литургија во Ватиканската базилика во 10.00 часот. На празникот Богојавление во четврток, 6 јануари 2022 година, Папата ќе ја предводи светата Литургија во 10.00 часот во Ватиканската базилика.
Ватикан њуз/к.мк