„Сите помирени во Исус Христос“, е мотото што ќе го придружува 37. апостолско патување на Папата во Демократска Република Конго од 2 до 5 јули оваа година. Логото ги содржи симболите на таа африканска земја и слика на Папата, кој благословува.
Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 14 март 2022 година ги објави мотото и логото за 37. апостолско патување на Папата во ДР Конго, при што ќе ги посети градовите Киншаса и Гома.
Како што објасни локалниот организациски одбор за посетата, логото ги прикажува пределите на африканската земја во боите на знамето. Во контурите се прикажани некои елементи на биодиверзитетот на Конго. Приказот е отворен кон Запад, во знак на добредојде на овој голем настан и плодовите што ќе ги донесе. Боите исто така имаат значење: жолтата го претставува богатството на земјата; црвената ја претставува крвта на мачениците; сината, од друга страна, ја изразува најжестоката желба на секој Конгоанец: мирот.
Од левата страна е прикажан син крст, знак на побожноста, која луѓето во Конго ја имаат кон Дева Марија, Пресвета Богородица од Конго, која ги пренесува молитвите на целиот народ до Христос Спасителот. Трите контури на луѓе се симбол на братството. Тие се под крстот затоа што сакаат да ја изразат желбата да се оствари ова братство, кое може да биде само дар од Бога. Светлите бои го претставуваат народот на Конго, подготвен да го пречека Христовиот викар на земјата во радост и единство.
Во логотипот е присутна и палмата како симбол на мачеништво, вкоренет во историјата на Конго. Дланката, која изразува победа, преродба и бесмртност, се однесува на пораката за надеж што ја носи посетата на Светиот Отец. На крајот, во центарот е самиот лик на папата Фрањо, претставена како благословува – симбол на голема радост за жителите на Конго.
Организацискиот одбор укажа и на некои елементи на биодиверзитетот кои се прикажани, како што се планините, кои се присутни во сите региони, особено во источниот дел каде што се наоѓа вулкан, кој повеќе пати со ерупција ја одбележа територијата и населението на Гома. Понатаму водата, која тече го претставува водното богатство во земјата: реката Конго како и различните езера. Дрвото, пак, се однесува на целата флора која е посебност на земјата, Африка и планетата, а окапи – половина зебра и половина жирафа, е животински симбол на ДР Конго и ја претставува целата фауна.
Ватикан њуз/к.мк