Канцеларијата за печат при Светиот Престол го објави насловот што папата Фрањо го избра за пораката по повод 107. Светски ден на мигранти и бегалци. Во соопштението се појаснува дека темата е вдахновена од енцикликата за универзалното братство ‘Fratelli tutti’
‘Кон сѐ поголемо „ние“’ е насловот што папата Фрањо го избра за својата традиционална порака по повод следниот Светски ден на мигрантите и бегалците, кој ќе се слави во недела на 26 септември оваа година. Папата е вдахновен – како што е наведено во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол – од неговиот апел да се направи сé што е можно за да нема повеќе „други“, туку само едно „ние“ (‘Fratelli tutti’, 35 ). Ова универзално „ние“ треба да стане реалност пред сè во рамките на Црквата, која е повикана на заедништво во различностите.
Во соопштението се забележува дека пораката, поделена на шест поднаслови, ќе посвети посебно внимание на грижата за заедничко семејство, чија цел, покрај грижата за заеднички дом, е „ние“ кои можеме и мораме, да станеме поотворени и погостољубиви. Со цел да се поддржат соодветните подготовки за одбележување на денот, Одделот за мигранти и бегалци во Дикастеријата за целосен човечки развој оваа година започна кампања со поднасловите предложени во пораката. Секој месец ќе бидат понудени мултимедијални прирачници, информативен материјал и размислувања од теолози и експерти кои можат да помогнат во проучување на темите и поднасловите избрани од Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк