Канцеларијата за печат при Светиот Престол на 21 ноември 2018 година ја објави програмата за патувањето на папата Фрањо во Панама, каде ќе учествува на Светскиот ден на млади, кој ќе се одржи во таа земја од 22-27 јануари 2019 година.
Папата ќе отпатува од римскиот аеродром Фијумичино на 23 јануари околу 9.30 часот, а околу 17.00 часот ќе пристигне во панамскиот главен град. После приемната свеченост ќе замине во Апостолската нунцијатура. Во четврток 24 јануари во утринските часови Папата ќе се сретне со претседателот на државата, а после тоа ќе се обрати на властите, дипломатскиот кор и претставниците на граѓанското општество. Истиот ден, после средбата со епископите на Средна Америка, околу 17.30 часот по локално време официјално ќе го отвори Светскиот ден на млади.
Средба со малолетни затвореници
Во петок 25 јануари 2019 година папата Фрањо во затворот за малолетници во 10.30 часот ќе има покорничка богослужба. Истиот ден во 17.30 часот ќе учествува на Крстен пат со младите. Во сабота 26 јануари Папата ќе служи света Литургија со посвета на олтарот на катедралната базилика „Света Марија од Антиква“ во заедништво со свештеници, посветени лица и црковни движења.
Света Миса со младите
После ручекот со богословите во семинаријата Свети Јосиф, папата Фрањо ќе учествува на бдението со млади на полето Свети Иван Павле II. во паркот Метро, а на истото место во недела 27 јануари во 8.00 часот ќе ја слави централната света Миса по повод Светскиот ден на млади. После завршување на Литургијата папата ќе го посети прифатниот центар за лица без емоционална и финансиска поддршка, кои живеат со вирусот ХИВ и сида, „Добриот Самарјанин“. Истиот ден, воедно и последен од Светската средба за млади, на стадионот Ромел Фернандез ќе се сретне со волонтери од различни организации, а после церемонијата за заминување ќе се упати на аеродромот, од каде ќе се полета за Рим.
Ватикан њуз/к.мк