Објавена програмата за ходочастието на Папата во Светата Земја

Канцеларијата за печат на Светата Столица ја објави програмата за ходочастието на папата Фрањо во Светата Земја кое ќе се одржи од 24 до 26 мај, по повод 50 годишнината од средбата на папата Павле VI и патријархот Атенагора во Ерусалим.

Папата на пат ќе тргне на 24 мај наутро со авион од аеродромот Фумичино во Рим. Пристигнувањето на меѓународниот аеродром во Аман е предвиден во 13 часот. Следува свеченоста за добредојде во кралската палата Ал-Хусеини во Аман и посета на јорданскиот крал и кралица. Во 14.20 на програмата е средба со претставници на јорданските власти, а во 16.00 часот света Литургија на меѓународниот стадион во Аман. Во 19.00 часот Папата ќе го посети местото на Исусовото крштавање и ќе се сретне со бегалци и млади со посебни потреби во Латинска црква.

Вториот ден од посетата, во недела на 25 мај, Папата ќе го напушти Јордан и со хеликоптер во утринските часови ќе замине за Витлеем. Во 9.30 е свеченоста за добредојде во Преседателската палата во Витлеем, а после тоа посета на преседателот на палестинската држава и средба со претставници на власта. Во 11.00 часот Папата ќе слави света Литургија во Витлеем и ќе ја предводи молитвата Царицата на небото. После светата Литургија во 13.30 часот Папата руча со семејства од Палестина во фрањевски манастир Каса Нова во Витлеем. Во 15.00 часот предвидена е приватна посета на Пештерата на раѓањето во Витлеем, а потоа Папата ќе се сретна со деца од бегалски логори во центарот на Феникс бегалскиот логот Џешех. После тоа Светиот Отец ќе ја напушти Палестина и со хеликоптер ќе замине за Тел Авив каде што на тамошниот аеродром ќе биде приредена свеченост за добрдојде. Потоа ќе го посети Ерусалим каде што во 18.15 ќе престојува во приватна посета на цариградскиот екуменски патријарх. Во таа пригода Папата и патријархот ќе потпишат заедничка изјава. Во 20.15 ќе вечера со епископи и луѓе од Папската придружба во латинскиот патријархат во Ерусалим.

Во понеделник на 26 мај, Папата во 8.15 ќе го посети големиот ерусалимски муфтија. Потоа ќе го посети западниот ѕид во Ерусалим, ќе положи цвеќе на брдото Херзл во Ерусалим и ќе го посети Меморијалниот центар Јад Вашем во Ерусалим. Во 10.45 минути на програмата е посета на двајца големи израелски рабини во Центарот Хејхал Шломо во близина на Ерусалимската голема синагога. Следува посета на преседателот на Израел во Преседателската палата во Ерусалим и приватна аудиенција со израелскиот премиер во Центарот Нотр Дам во Ерусалим. Во 15.30 минути на праграмата е приватна посета на цариградскиот екуменски патријарх во зградата спроти православната црква Вири Галилеи на Маслиновата Гора, а во 16.00 часот средба со свештеници, монаси и монахињи во Црквата Гетсиманија кај Маслиновата врата. Последната точка на ходочастието на Папата е света Литургија со епископи од Светата Земја во Салата на последната вечера во Ерусалим во 17.20 минути.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот