Објавена пораката на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој за Светскиот ден на туризмот
На 24 јули 2019 година Канцеларијата за печат на Светиот Престол ја објави пораката на префектот на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој кардинал Петер Турксон по повод Светскиот ден на туризмот, кој секоја година се слави на 27 септември.
„Туризам и работа: подобра иднина за сите“ гласи темата за Светскиот ден на туризмот кој ќе се одбележи на 27 септември, а го промовира Светската туристичка организација (UNWTO). Таа тема потсетува на иницијативата: „Иднината на работата,“ која ја покрена Меѓународната организација на трудот (ILO), која оваа година ја слави стогодишнина од своето постоење, се наведува на почетокот на пораката.
Обработувањето на темата туризм од перспектива на работата, се истакнува во пораката, изгледа посебно корисно со оглед на длабокото вкоренување и се поголемите критични аспекти кои ја карактеризираат димензијата на работата во животот на многу луѓе и тоа во целиот свет. Саканите цели на мирот, сигурноста, промовирањето и социјалното влучување не можат да се постигнат ако ја занемариме заедничката посветена работа на сите да обезбедиме пристојна, праведна, слободна работа во чиј центар ќе биде човекот и неговите примарни потреби за развој на комплетен човек. Цитирајќи го папата Фрањо во пораката се истакнува дека „работата е нешто сопствено на човечката личност“. Таа го изразува неговото достоинство на создание создадено на слика Божја“. Таму каде нема работа не може да има напредок, не може да има просперитет и сигурно не може да има подобра иднина. Работата која не е само вработеност, туку начин на кој човекот самиот себе се остварува во општеството и во светот, е важен составен дел во одредувањето на интегралниот развој на било кој човек, на било која заедница во која живее.
Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој затоа апелира до сите политички лидери и до оние кои се одговорни за националните економски политики да поттикнуваат работа, посебно меѓу младите и тоа работа која се фокусира на достоинството на човекот која станува орудие за промовирање на интегрален развој на секој човек која соработува во развојот на поединечни заедници, секој според неговите карактеристики и која погодува создавање на пријателски и братски односи меѓу луѓето и народите.
Ватикан њуз/к.мк