Парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица се придружува на молитвената иницијатива на Радио Марија „Твојот народ на пат“, која меѓу другото повикува на пост и молитва секој прв петок во месецот во текот на оваа 2021 година.
По тој повод во петок 2 април 2021 година во парохиската црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица ќе има целодневно Обожавање на светата Причест. Обожaвањето ќе започне во 8.00 часот, а ќе заврши во 18.00 часот со света Литургија. Молитвената накана е за сите оние кои се на лекување во болниците, болните, како и за сите стари и немоќни лица, со посебен акцент на болните од коронавирусот, нивните семејства и починатите.
Сите оние кои се во можност се повикуваат на пост на леб и вода, секој момент од денот да се искористи за молитва. Во текот на денот има можност и за света Исповед во парохиската црква. Посебно се препорачува молитва пред Евхаристискиот Исус, навечер молитва Света Бројаница со семејства, а во Великиот пост молење на Крстен пат.
к.мк