Куријалните канцеларии остануваат отворени, но само за најитните работи.
Најмалку до 13 април, кога се слави првиот ден од Велигден, Ватикан ќе биде затворен за ходочасници и посетители, објави Канцеларијата за печат при Светиот престол.
Првата мерка за затворање на плоштадот Свети Петар, истоимената базилика и остатокот од најмалата држава на светот како краен датум го предвидуваа 3 април. Куријалните канцеларии остануваат отворени, но само за најитните работи.
Според најновите информации седум лица во Ватикан се заразени со коронавирусот.
к.мк