Нова книга за животот на папата Иван Павле I

Нова книга за животот на папата Иван Павле I

Постапката за беатификација на Иван Павле I напредува, така што наскоро се очекува декрет за признавање на херојските крепости, а од 7 ноември ова година во Италија ќе биде во продажба исцрпен животопис за тој Папа, кој умре во 1978 година, по само 33 дена понтификат.

Насловот на книгата е „Papa Luciani: Cronaca di una morte – Папата Лучијани: Хроника на една смрт,“ а ја напиша Стефанија Фаласка, новинарка во италијанскиот дневен весник Avvenire, а која воедно е вицепостулаторка на казузата за прогласување на блажен и светец Иван Павле I.

Многу митови го опкружуваат 33 дневниот Папа. Неговиот настап се погрижи за прекарот „насмеаниот Папа“, додека неговата ненадејна смрт доведе до создавање на многу теории на заговор. Стефанија Фаласка поминала повеќе години истражувајќи во архивите, проучувајќи ги документите и испитувајќи сведоци. Сега на светлината на денот доаѓа резултатот кој Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин во предговорот на книгата го опиша како историско – научна реконструкција на животот на папата Иван Павле I која следи строга метода, а се заснова на исклучителна документација.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот