Љубовта е основен закон на животот. При тоа треба да се разликуваат зборовите да се сака и да се љуби. Да се сака може добро јадење, овошје, сокови, вино. Да се сака може некоја работа или некој автомобил, куќа или мебел. Да се сака значи да се посакува нешто да се има, да се поседува, во нешто да се ужива. Да се сака содржи во себе еден мал дел егоизам. Меѓутоа да се љуби, значи да се почитува некој човек, значи да се откажеме од своите уживања за да може другиот да ужива во нив. Да се љуби значи на другиот да му се дарува животот, да му се помогне да успее.
Љубовта и откажувањето одат заедно. Напротив, да се сака и да се откаже од нешто се спротивставености. Татковината ја љуби оној кој е подготвен да умре за неа. Татковината пак ја сака оној, кој ужива во неа, но само толку, додека таа му дава удобност и задоволство. Оној кој те сака ќе направи многу за тебе, но оној момент кога повеќе нема да претставуваш за него извор на задоволство, ќе престане да те сака.
Љубовта е нешто друго. Детето може да се разболи, може на мајката да ѝ стане несимпатично, но мајката и покрај тоа го љуби и подготвена е за него да умре. Да се сака и да се љуби треба да се разликуваат и во односите помеѓу момче и девојка, маж и жена, или општо помеѓу машко и женско.
Често пати младите се повредуваат меѓусебно зборувајќи дека се сакаат. Тие еден во друг гледаат извор на задоволство, уживање, затоа се подготвени и да згрешат, да ја оптоварат совеста со грев, еден од друг да се оддалечат од Бог, а потоа и од луѓето, за да се дојде до уживање. Тие еден на друг се допаѓаат и затоа се сакаат.
Ако момче и девојка започнат да се љубат, тогаш еден кон друг ќе бидат толку многу нежни, што нема да можат еден друг да се повредат, затоа што знаат дека еден друг би се убиле заради уживање. Тие се доживуваат некаде одвнатре, како личности и никаква несимпатија не може да ги оддалечи. Нивната љубов со години расте. Љубовта бара да се откажеме, Љубовта се распнува за да се развие живот. Да се љуби еден друг значи да се клесаат своите страсти, себичности, горделивости и суета за да би можел другиот да живее.
Томислав Иванчиќ/к.мк